Шест лица, од кои петмина тинејџери, убиени во напад на банда во близина на основно училиште во Мексико

Од:

Шест лица, меѓу кои пет адолесценти на возраст од 17 и 18 години, се убиени во вооружен напад во Мексико, соопштија локалните власти.

-Со тага ве информирам дека шест лица ги загубија животите, изјави Цезар Прието, градоначалник на Саламанка, градот во кој се случи нападот во близина на основното училиште.

Полицијата наведе дека вооружена група пукала врз студентите, како и врз една 65-годишна минувачка.

Мотивот за нападот засега не е познат, а сите жртви биле веќе мртви кога на местото пристигнала полицијата и брзата помош.

Државата Гуанахуато е центар на мексиканската нафтена индустрија, и важи за една од државите со најмногу насилство. Кон крајот на мај, во вооружен напад на хотел во градот Селаја, трет по големина во оваа мексиканска држава, загинаа осум жени и тројца мажи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД