Шест илјади полицајци ќе ги обезбедуваат демонстрациите во Париз

Од:

Закажани за 14 часот, демонстрациите во Париз ќе бидат обезбедувани од глем број на припадници на безбедносните сили. Околу 6.000 нивни припадници се мобилизирани, соопшти префектурата на Париз, јави дописникот на МИА.

Властите очекуваат пристигнување на 25.000 демонстранти. Министерството за внатрешни работи предупреди на пристигнувањето на неколку стотици насилници – црни блокови. Затоа, префектурата на Париз побара од трговците и рестораните кои се наоѓаат на трасата на која ќе поминат демонстрантите да ги спуштат металните завеси, за да избегнат кршење или за да се избегне земање од продавниците на опрема која може да се користи за напади.

Од утрово, исто така, полицијата постави превентивните контроли.

Во 11 часот, префектурата на главниот град објави дека направила 2.777 контроли, при што осум лица се уапсени. Претходно изутрината, лидерот на Непокорна Франција, Жан-Лук Меленшон, ги советуваше париските демонстранти да внимаваат на „психопатскките методи“ што ги користи префектот на Париз Дидиер Лалемент, за да го одржи редот.

Од своја страна, синдикатите значително ја зголемија својата редарска служба за да се справат со можните изливи на насилство. Во четвртокот ЦЖТ објасни дека го зголемил бројот на редарите зза 30 отсто кои ќе треба да ја заштитат поворката.

Елисејските полиња се забранети за демонстрации, а на синдикатите треба да им се приклучат и жолтите елеци. Покрај во Париз, синдикални поворки се пријавени во уште 250 француски градови.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден