Шест години затвор за академик Фариб Абделках, која има иранско-француско државјанство

Од:

Иран ја осуди француско-иранскиот академик Фариб Аделках на шест години затвор врз основа на обвинение за загрозување на националната безбедност, изјави денеска нејзиниот адвокат.

-Судот ја осуди на шест години затвор. Поднесовме жалба и доколку биде прифатена, казната ќе се намали на пет години, рече адвокатот Саид Деган за британските медиуми.

Деган во март изјави дека Иран покренал обвинение за шпионажа против Аделках, но дека таа ќе остане во затвор поради други обвиненија поврзани со безбедноста.

Иран го отфрли повикот на Франција да ја ослободи Абделках, 60-годишен антрополог, која е во притвор од јуни 2019 година, велејќи дека барањето претставува мешање во внатрешните работи на Техеран.

Иран не признава двојно државјанство.

Иран во март го ослободи партнерот на Аделках, францускиот академик Роланд Марсал, кој е во затвор, исто така, од јуни минатата година.

Иранската револуционерна гарда во последните неколку години уапси десетици лица со двојно државјанство, најчесто врз основа на обвиненија за шпионажа.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он