Шест деца спасени во еден ден од заклучени автомобили во Австралија

Од:

Дете пренесено во болница во Сиднеј е едно од шестте спасени, оставени во автомобили на исклучително високи температури за само еден ден од оваа недела, објавија денеска локалните медиуми.

Припадниците на итната медицинска помош скршиле прозор од автомобил за да ослободат  мало дете, кое било оставено од мајка си во Мелбурн вчера.

Надворешната температура во момент на спасувањето била 27 сетепени Целзиусови.

Властите во државата каде температурите во автомобилите оставени на сонце може да надминат 40 степени Целзиусови ги предупредуваат родителите да не ги оставаат децата во возилата.

Само во државата Викторија најмалку 200 случаи на заклучени деца во автомобили се регистрирани оваа година. Во цела Австралија таа цифра е околу илјада деца на возраст помала од четири години. Триесет од нив биле хоспирализирани. Родителите можат да бидат осудени на затворска казна до шест години.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски