Шенахан: Потенцијалот на Иран за напад е „ставен на чекање“

Од:

Американскиот министер за одбрана Патрик Шенахан изјави денеска дека иако во регионот се уште постои закана од напад од Иран, Американците го „ставиле на чекање“ потенцијалот на Иран за тие напади и да ги спроведе.

– Мислам дека нашите чекори беа многу мудри и го „ставивме на чекање“ потенцијалот за напади на Американци и тоа е она што е најважно, изјави Шенахан пред новинарите во Пентагон.

– Би кажал дека сме во период во кој заканата и натаму е голема и наша работа е да се погрижиме да нема погрешна пресметка од иранска страна, дополни американскиот министер.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел