Шеикот Мохамед бин Зајед избран за нов претседател на ОАЕ

Од:

Федералниот врховен совет на Обединетите Арапски Емирати го избра престолонаследникот на Емиратот Абу Даби шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан за претседател по смртта на актуелниот лидер, јави државната информативна агенција на ОАЕ – УАМ.

dobivaj vesti na viber

Мохамед бин Зајед е избран за претседател на богатата монархија во Персискиот залив, откако вчера на 73-годишна возраст почина неговиот брат Халифа бин Зајед Ал Нахјан.

Поради здравствени проблеми тој долго време не учествуваше во секојдневните работи во земјата, а управата ја презеде Мохамед бин Зајед.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Прва посета за израелски претседател на Обединетите Арапски Емирати

Бин Зајед: ОАЕ ја надминаа кризата со Ковид-19

Обединетите Арапски Емирати официјално го прекинаа бојкотот на Израел

А1он

ОН го поздрави договорот меѓу Израел и ОАЕ, Иран го оквалификува како срамен

А1он

Емисија за насилство и сиромаштија во ОАЕ тргната од програма