Шефовите на државите од ЈИЕ на средба со Меркел во Дубрвник

Од:

Во вторник, на 15 јули, во Дубровник ќе се одржи годишниот самит на шефовите на државите од Југоисточна Европа на кој ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти денеска Кабинетот на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

Состанокот, според најавите од Загреб, ќе претставува продолжение на стратешкиот дијалог меѓу лидерите од регионот кој во овој формат започна пред една година, кога Хрватска стана членка на ЕУ.

На состанокот во Дубровник ќе учествуваат претседателите на Хрватска, Македонија, Албанија, Косово, Словенија, Србија и на Црна Гора, како и тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина.

На собирот во име на претседателот на Франција ќе присуствува и францускиот државен секретар за европски прашања Арлем Дезир, а најавено е учество  и на европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер.

Теми на самитот ќе бидат политичката ситуација и односите во регионот, продолжување на политиката за проширување на ЕУ, клучни инфраструктурни проекти во овој дел на Европа, вклучувајќи го завршувањето на јадранско-јонскиот автопат и на железничкиот коридор, како и енергетската политика, се наведува во соопштението.

Еден ден претходно, в понеделник, претседателите на државите од регионот ќе учествуваат на самит на 100 бизнис лидери од Југоисточна Европа насловен „Договор за новото верме“, што ќе се одржи во Цавтат.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени