Шефовите на ЦИА и руската СВР во Турција разговарале против употребата на нуклеарно оружје

Од:

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс е во Турција каде се сретна со шефот на руската служба за надворешно разузнавање (СВР) за да ја пренесе пораката за последиците од потенцијалната руска употреба на нуклеарно оружје во Украина, изјави претставник на Белата куќа.

Руско-американската средба во Турција прв ја објави рускиот весник „Комерсант“, каде анонимен извор кажал дека на разговорите ќе присуствува Сергеј Наришкин, шеф на руската служба за надворешно разузнавање (СВР).

Белата куќа соопшти дека Барнс, поранешен американски амбасадор во Русија, нема да учествува во никакви преговори со Наришкин.

Украина била однапред известена за патувањето на Барнс во Турција, рече официјалниот претставник.

-Барнс не разговара за решавање на војната во Украина, туку пренесува порака за последиците од руската употреба на нуклеарно оружје, додаде функционерот.

Шефот на ЦИА, во име на американскиот претседател Џо Бајден, во 2021 година се сретна со рускиот претседател Владимир Путин за да му ја пренесе загриженоста на Вашингтон за военото засилување на Русија околу Украина.

Запрашан за коментар на написот на „Комерсант“ официјален Кремљ денеска соопшти дека не може ниту да ги потврди, ниту да ги демантира наводите на весникот.

Руската наворешно-разузнавачкла служба (СВР) не одговори на барањата за коментар.

Покрај војната во Украина, Русија и САД имаат уште неколку отворени прашања за разговор, од продолжување на клучниот договор за намалување на нуклеарното оружје и договорот за извоз на жито од Црното Море до можна размена на затвореници и војната во Сирија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски