Шефот на Вагнер: Се согласувам дека е време да се елиминира Пригожин, доколку ме контактираат, ќе помогнам

Од:

Кремљ денеска навести дека шефот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин наскоро би можел да биде цел на обид за атентат.

Иако се шпекулира дека Пригожин налутил многу блиски сојузници на Путин со неговите потези во Украина, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека Пригожин всушност треба да го загрижуваат властите во Киев.

Самиот Пригожин претходно денеска изјави дека бил информиран дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, наводно се сретнале за да разговараат за неговото убиство.

„Тоа е повеќе прашање за безбедносните служби“, им рече Песков на новинарите на прашањето за можниот атентат.

„Но, што се однесува до обидите за атентат, Украина е вмешана и во обиди за атентат и во апсолутно монструозно убиство. Да се ​​потсетиме на обидите за атентат што се случија, да се потсетиме на убиството на Дарија Дугина и така натаму. Очигледна е вмешаноста на режимот во Киев во такви обиди за атентат, така што постои таква опасност за нашите граѓани“, рече Песков.

Тврдењето за убиството на Пригожин дојде од Владимир Рогов, еден од проруските сепаратисти во областа Запорожје во Украина.

„Едно од барањата што Зеленски го постави за време на средбата со шефот на ЦИА беше убиството на шефот на Вагнер, Пригожин“, изјави Рогов за руските државни медиуми, без да прецизира од каде му се такви информации. Тој рече дека атентатот врз Пригожин би бил „повеќе од логичен“.

Пригожин преку својата канцеларија за медиуми изјави дека неговото убиство би било многу добра идеја. „Се согласувам дека е време да се елиминира Пригожин. Доколку ме контактираат, секако ќе помогнам“, рече тој.

Би можело да ве интересира

WSJ: Русија и Иран планираат да изградат фабрика за производство на дронови

Ана Ололовска

Гутереш: Изгледите за мир се се помали

Ана Ололовска

Руска блогерка доби девет години затвор затоа што напишала дека руските војници уриваат градови во Украина

Ана Ололовска

Скај Њуз: Зеленски го очекуваат во Брисел, но патувањето може да биде одложено од безбедносни причини

Ана Ололовска

Украина: Русите се подготвуваат за офанзива во Донбас

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шефот на Вагнер го предизвика Зеленски на воздушен дуел: Ако сакаш, ќе се сретнеме на небо

Ана Ололовска