Шефот на Вагнер му одговори на Вучиќ

Од:

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека во моментов меѓу борците на оваа приватна воена компанија во Украина нема српски државјани, а последниот ја напуштил групата пред два месеци. Неговите коментари доаѓаат откако српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини Вагнер дека се обидува да регрутира Срби да се борат во Украина.

„Вучиќ дивее без причина. Во Вагнер нема Срби“, рече Пригожин во коментарот објавен на неговиот канал на Телеграм.

„Последниот кој се борел во Вагнер ја напуштил областа пред два месеци. Ако некој Србин тврди дека се борел во Вагнер во 2023 година, се лаже.

Овие забелешки доаѓаат откако Политико објави напис во кој Вучиќ коментира дека Србите регрутирани да се борат во Украина „ќе бидат уапсени кога ќе се вратат во Србија“.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел