Шефот на СЗО е против брзо укинување на ограничувањата поради пандемијата

Од:

Брзото укинување на ограничувањата наметнати од страна на државите поради коронавирусот може да доведе до засилување на пандемијата и да предизвика сериозни економски загуби.

Тоа го изјави денеска на брифинг во Женева генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Ако земјите набрзина ги укинат ограничувањата, коронавирусот може да се засили и економските последици би можеле да бидат посериозни и долготрајни“, рече тој.

Гебрејесус додаде дека според информациите на СЗО, бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина еден милион, а бројот на починати е веќе над 50.000.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО