Шефот на Светската програма за храна на ОН по посетата на Јемен: Ова е пекол

Од:

Извршниот директор на Светската програма за храна на ОН, Дејвид Бесли предупреди по посетата на Јемен дека таа организација ќе биде принудена да бара стотици милиони долари приватни донации, очајнички обидувај се да го спречи гладот во следните месеци и опишувајќи ги условите во оваа земја како „пекол“.

– На Светската програма за храна и се потребни најмалку 815 милиони долари во Јемен во текот на следните шест месеци, а моментно има само 300 милиони долари, истакна Бесли.

Тој нагласи дека на агенцијата ќе и бидат потребни уште 1,9 милијарди долари за да ги исполни годинешниве цели.

Бесли неодамна го посети Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана кој е под контрола на бунтовниците Хути, поддржани од Иран.Тој додаде дека на одделот за недохранети деца во болница во Сана видел деца како „исчезнуваат“ поради недостиг на храна.

– Во детските оддели во болниците обично се слуша плач и смеа. Нема плач, нема смеа, туку владее мртва тишина. Ова е пекол. Тоа е најлошото место на светот кој целосно го создал човекот, истакна Бесли.

ОН предупредија дека 16 милиони луѓе во Јемен, односно половина од населението, би можеле да се соочат со сериозен недостиг на храна.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски