Шефот на „Роберт Кох“ предупредува: Варијантите на коронавирус можат да уништат сè, затоа – не патувајте

Од:

Шефот на институтот „Роберт Кох“ рече дека досега во Германија се регистрирани 16 случаи на британски вид на коронавирус и дека сите пациенти се заразиле по враќањето од странство.

Германија ќе го има вирусот под контрола до крајот на годината, но нов, позаразен вид на Ковид-19 може да ја расипе ситуацијата, изјави Лотер Вилер, претседател на Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Досега Германија регистрираше 16 случаи на британско потекло на вирусот и четири на јужноафриканскиот сој, додаде Вилер, објави Ројтерс.

Сите пациенти се заразиле по враќањето од странство.

– Ова нема да биде последната мутација што ќе ја видиме, да не заборавиме и на бразилскиот тип на Ковид-19. Ќе имаме уште варијанти, затоа – не патувајте, рече тој.

Во десет од 16 германски покраини, бројот на болничките легла е скоро исполнет, а во единиците за интензивна нега, 85% од креветите се зафатени.

Вилер апелираше до граѓаните да ја прифатат вакцината против Ковид-19 со цел да се намали притисокот врз болниците и рече дека луѓето треба да продолжат да се придржуваат до социјалните растојанија и хигиенските правила.

– На крајот на 2021 година ќе успееме да ја ставиме пандемијата под контрола – оцени тој.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски