Шефот на МААЕ на средба со Русите за нуклеарната централа Запорожје во Украина

Од:

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси утрово се сретна со руска делегација во Истанбул за да разговара за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е под руска контрола.

„Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, денеска во Истанбул се сретна со руска делегација предводена од генералниот директор на Росатом, Алексеј Лихачев, за консултации за оперативните аспекти кои се однесуваат на безбедноста во нуклеарната централа Запорожје во Украина и за итно воспоставување заштитна зона“, објави МААЕ на Твитер.

Најголемата европска нуклеарна централа Запорожје, која беше заземена од Русија набргу по почетокот на нејзината инвазија, повторно беше мета на гранатирање во текот на викендов, што предизвика нови повици од МААЕ за создавање заштитна зона околу неа за да се спречи нуклеарна катастрофа.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на централата во последниве месеци, што ги оштети зградите и ги исфрли далноводите што ја снабдуваат централата, кои се клучни за ладење на горивото за шест реактори и избегнување на нуклеарно топење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“