Шефот на израелската дипломатија во историска посета на ОАЕ

Од:

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид денеска ќе престојува во Обединетите Арапски Емирати, во првата официјална посета на еден израелски министер на оваа земја од Заливот по воспоставувањето на дипломатските односи минатата година.

За време на дводневната посета, Лапид ќе ги отвори седиштото на израелската Амбасада во Абу Даби и конзулатот во Дубаи.

Израелското Министерство за надворешни работи во соопштение најави дека „за неколку моменти, израелскиот министер за надворешни работи ќе замине во историска посета на Обединетите Арапски Емирати“, а потоа самиот министер го објави своето видео на Твитер за време на полетувањето, укажувајќи дека оди во „историска посета“.

Обединетите Арапски Емирати, заедно со Бахреин, Судан и Мароко, минатата година ги нормализираа односите со Израел врз основа на договорот постигнат со посредство на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Од нормализацијата на односите, во септември 2020 година, двете земји воспоставија директни воздушни врски, назначија амбасадори и остварија неколку меѓусебни посети на трговски делегации.

Првата израелска посета беше планирана за март, за време на мандатот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, но беше одложена поради несогласувањата со Јордан околу надгледувањето на воздушниот простор, соопшти израелската страна.

Палестинците ги осудуваат договорите за нормализација што неколку арапски држави ги потпишаа со Израел пред една година и таквиот чин го опишуваат како „предавство“ и резолуцијата за израелско-палестинскиот конфликт ја сметаат за condition qua non на секоја нормализација.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски