Шефот на европската дипломатија не сака Русија да се врати во Г7

Од:

Жозеп Борел го отфрли предлогот на Белата куќа Русија да биде поканета на овогодинешниот самит на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), чиј домаќин е САД.

– Г7 не може да стане Г8 Русија сè додека Русија не го промени својот курс. Тоа не е случај во моментов, рече Борел пред новинарите во Брисел, додавајќи дека „соработка меѓу партнерите кои слично размислуваат е поважна од кога било“.

На 30 мај американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека ќе го одложи самитот на Г7 за наесен и дека на таа средба ќе ги покани и Австралија, Русија, Јужна Кореја и Индија.

– Г7 стана многу застарена, рече Трамп, оценувајќи дека треба да се претвори во Г10 или Г11 против Г1, реформиран клуб обединет против Кина.

– Промената на форматот на Г7 не е ексклузивно право на претседавачот потенцира Борел.

Велика Британија и Канада веќе изразија противење на идејата повторно да ја вклучат Русија во Групата.

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е вообичаено земјата која претседава со Г7 да покани и други лидери да присуствуваат на Самитот како гости.

– Меѓутоа, Русија е суспендирана од Г7 по анексијата на Крим и допрва треба да видиме докази за промена во однесувањето што би го оправдало нејзиното повторно вклучување, рече портпаролот.

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Борел: Згрозен сум од масакрот на цивилите кои чекаа храна на северот на Газа

Горан Наумовски