Шефот на ЦИА тврди: Путин е загрижен за тоа што се случува во Украина, но и во Русија

Од:

Американската разузнавачка заедница внимателно ја следи војната во Украина и рускиот претседател Владимир Путин. Шефот на ЦИА Вилијам Барнс зборуваше за CBS News за Путин. Брнс беше прашан дали Путин е загрижен за напредокот на украинската војска и фактот што стотици илјади луѓе бегаат од Русија.

„Тој мора да биде загрижен, не само за она што се случува на бојното поле во Украина, туку што се случува дома и на меѓународно ниво. Минатиот февруари, непосредно пред почетокот на војната, Путин застана покрај кинескиот претседател Си Џинпинг и тие објавија пријателство без ограничувања“, изјави шефот на ЦИА за CBS News.

Барнс истакнува дека Кина не обезбеди воена поддршка на која се надеваше Путин. И покрај тоа, вели Барнс, Путин останува „тврдоглаво убеден во сопствените проценки“.

„Путин е опасен и непромислен кога се чувствува заглавен. Путин го заснова својот пристап на погрешни претпоставки и мисли дека може да се справи со Украина, САД и Западот“, вели Барнс, додавајќи дека тој верува дека Кси „е како јастреб што го набљудува она што е се случува во Украина“.

Барнс смета дека кинескиот претседател се „отрезнил“ кога ги видел лошите перформанси на руската војска. „Кинезите гледаат дека Украинците се спротивставуваат со многу храброст и упорност“, вели директорот на ЦИА.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив