Шефот на болничкиот систем во Париз предизвика дебата со изјава за правото на бесплатно лекување на невакцинирани

Од:

Шефот на болничкиот систем во Париз предизвика жестока дебата за тоа дали луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 треба да продолжат да добиваат бесплатно болничко лекување, јавија француските медиуми.

Францускиот здравствен систем го покрива лекувањето на сите пациенти примени на одделенијата за интензивна нега, при што трошоците за еден ден престој во такво одделение се проценуваат на 3.000 евра, а третманот обично трае од една недела до десет дена.

„Со оглед на достапноста на бесплатни и ефективни лекови, дали е правилно луѓето да ги одбиваат без последици додека ние се бориме да се грижиме за другите пациенти?“, запраша Мартин Ирш директор на парискиот здравствен систем. Тој рече дека го покренал ова прашање бидејќи трошоците за здравствена заштита биле огромни и неодговорното однесување на некои, како што рече, не треба да го загрози пристапот на сите други до системот на здравствена заштита.

Неговите изјави предизвикаа бран реакции и повици за негова оставка на социјалните мрежи. Екстремно десничарските политичари побараа смена на Ирш, а градоначалничката на Париз, Ан Идалго, која претседава со одборот и е кандидат на социјалистите за претседателските избори во април, рече дека не се согласува со предлогот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано