Шефот на административната власт во Хонгконг побара демонстрантите да прекинат со протестите

Од:

Главниот администратор на Хонгконг повика денеска за итен прекин на продемократските протести во кинескиот административен регион.

 – Основачите на Окупирај го центарот, наведоа неколкупати дека ако движењето стане неконтролирано ќе повикаат за негово распуштање. Сега сакам тие да го исполнат своето ветување и да стават крај на својата кампања, нагласи Леунг Чун-јинг во 15-минутна изјава.

Тоа е негов прв јавен повик по судирите од неделата меѓу полицијата и демонстрантите.

Движењето Окупирај го центарот го отфрли повикот на шефот на извршната власт во Хонгконг.

– Оваа окупација ќе прекине откако Леунг Чун-јинг поднесе оставка, изјави еден од лидерите на движењето.

Леунг Чун-јинг е избран во 2012 година од 689 членови на Изборен комитет каде има 1200 претставници.

Шефот на извршната власт во Хонгконг ја даде својата изјава во момент кога протестите го нарушуваат нормалното функционирање на финансискиот центар на кинескиот град веќе трет ден по ред. Илјадиници продемократски демонстранти во Хонгконг незадоволни од начинот на избор на градски челник, ги блокираа улиците. Тоа се најмасовни протести откако Кина во 1997 година повторно презеде контрола врз поранешната британска колонија.

Протестите ескалираа за време на викендот поради минатомесечната одлука на Пекинг да отфрли отворено номинирање на кандидати за избори за челници на Хонгконг, први во историјата што треба да се одржат во 2017 година.

Кинеските власти во 2008 година најавија разгледување можност до 2017 година да дозволат директни избори во Хонгконг, а на 31 август соопштија дека директни избори се одобрени, но избирачитеќе може да гласаат за некој од претходно одобрени кандидати од листа. Тоа значи дека кандидатите ќе ги бира одбор од воглавно прокинески тајкуни што многу граѓани на Хонгконг го сметаат за кршење на ветувањето за декократија на полуавтономната територија.

Демонстрациите ги покренаа студенти и демократски активисти на движењето Окупирај го центарот со љубов и мирољубиво. Тие бараа политички реформи и демократски избори во согласност со меѓународни стандарди.

Студентите почнаа со бојкот на наставата на 22 септември, а им се придружија и ученици од средните училишта.

Демонстрантите во петокот ја зазедоа главната владина зграда што предизвика ескалација на тензиите, а потоа им се приклучија и активисти на движењето Окупирај го центарот, кои претходно планираа подоцна да почнат со протести. Жителите на Хонгконг имаат право на слобода на говор и протести, иако не можат директно да бираат своја власт.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше