Европската Унија ќе се фокусира на извозот на руското злато во новиот пакет санкции, како што беше одлучено на состанокот на Г7 во јуни, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчовиќ на состанокот на европските министри за надворешни работи во Прага.
Според него, новиот пакет санкции ќе биде насочен и кон затворањето на можностите за заобиколување на претходните пакети санкции воведени против Русија поради нејзината војна во Украина.
Европската Унија веќе воведе шест пакети санкции против Русија. Меѓу нив е и воведувањето ембарго за најголем дел од руската нафта до крајот на годината.
Извор: МИА