Шарл Мишел: Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас

Од:

Претставувајќи ги заклучоците од последниот Советот на ЕУ, одржан на 23 и 24 јуни во Брисел, претседателот на Советот Шарл Мишел нагласи дека „Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас, јави дописникот на МИА.

– Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас. Ние треба да го ревитализраме процесот на проширување. Поради тоа се одржа состанокот со лидерите на земјите од регионот пред советот на ЕУ, рече тој.

„Дебатата беше отворена, искрена и исто така остра со шефовите на државите и владите на овие земји. Ние одлучивме да го ревитализираме нашето ангажирање кон овој регион. Ние сакаме да го ревитализираме процесот на проширувањето. И ние треба да видиме како да ги надминеме пречките“, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Со Северна Македонија и и Албанија отворањето на преговорите за членство е приоритетно. Бугарската влада го подигна ветото за Северна Македонија, вчера имаше делегација во земјата за да се фаворизира процесот на пристапување на оваа земја.

Притоа Шарл МИшел му се заблагаори на француското претседателство за постигнатиот напредок по ова прашање.

Напредокот во мултилатералните и билатералните спорови се потребни, нагласи на крајот претседателот на Советот на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа