Шарец: Словенија го бара местото еврокомесар за проширување

Од:

Словенија е заинтересирана за местото европски комесар за проширување во идниот состав на Европската комисија, изјави денеска премиерот на таа земја Марјан Шарец.

– Еден од ресорите кои не интересираат е оној за проширување. Повеќепати нагласивме дека го познаваме Западен Балкан и дека тука можеме да дадеме придонес, истакна Шарец.

Тој истакна дека Словенија може да биде задоволна од распределбата на клучните позиции во европските институции и истакна дека од новата Еврокомисија очекува „повеќе активности во однос на ширењето на ЕУ на Западен Балкан“, како и напредок во некои други прашања.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски