Шангај ќе ги олесни рестриктивните мерки и покрај зголемениот број случаи на коронавирус

Од:

Властите во Шангај денеска ќе започнат со олеснување на „затворањето“ во некои области, и покрај тоа што пријавија рекордни над 25.000 нови случаи на коронавирус во најнаселениот град во земјата и еден од неговите најзначајни финансиски центри.

Метрополата со речиси 26 милиони луѓе ќе дозволи, како што рече градскиот функционер Гу Хонгхуи, „соодветна активност“ во некои населби каде што немало позитивни случаи најмалку две недели. На жителите од овие населби не им е дозволено да патуваат во оние кои сè уште се под строга блокада, пренесува Гардијан.

– Секоја област ќе ги објави специфичните имиња на првата група (заедници), рече Гу на брифингот со новинарите.

Шангај денеска објави рекордно висок комбиниран број случаи за претходните 24 часа, со 914 симптоматски случаи и 25.173 асимптоматски. За саботата властите пријавиле 1.006 случаи со симптоми и 23.937 без.

Фрустрацијата продолжи да се зголемува во Шангај. На интернет, како што пренесува Гардија, објавени се потресни приказни за жители кои не можат да пристапат до медицинските ресурси навреме. Засегнатите жители испратија молби за помош со медицински установи и поплаки за тешкотии при купување храна.

Додека вестите за жителите на Шангај кои се борат да купат храна се шират низ Кина, во последните недели жителите во другите провинции, наводно, брзаат да складираат стоки. Повеќекратни „водичи за преживување“ беа споделени на социјалните мрежи во изминатите неколку дена додека луѓето во другите делови на Кина шокирано ги гледаа маките на Шангај, пишува Гардијан.

Ситуацијата во Шангај, исто така, ги поттикна другите кинески градови да преземат пристап со нула ризик од Ковид. Денеска, јужниот град Гуангжу ја откажа наставата со физичко присуство во основните и средните училишта и ги префрли онлајн. Мерките се преземени откако беа откриени повеќе од десетина случаи, а надлежните соопштија дека ќе траат најмалку една недела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исплови првиот кинески крузер: Бродот има 16 ката, парк со палми и трговски центар

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска