Шанахан, по Авганистан, во ненајавена посета и на Ирак

Од:

Вршителот на должност американски секретар за одбрана Патрик Шанахан денеска пристигна во ненајавена посета на Ирак, каде што со американските воени команданти и со претставници на ирачката Влада ќе разговара за понатамошното присуство на силите на САД во земјата.

Шанахан, во пресрет на посетата, рече дека сака „од прва рака“ да слушне каква е состојбата во однос на прашањето за борбата против „остатоците“ на групата Исламска држава.

Ова е прва посета на Шанахан на Ирак.

Во Ирак се распоредени околу 5.200 американски војници кои ги обучуваат и советуваат ирачките сили, 16 години по соборувањето на Садам Хусеин.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на месецот изјави дека американските сили треба да ги користат своите позиции во Ирак за да го „држат на око“ соседен Иран.

Ирачките власти соопштија дека тоа не ја претставува американската мисија и дека со таквиот предлог се крши ирачкиот Устав.

Шанахан вчера престојуваше во Авганистан, каде што исто така беше во ненајавена посета.

Ова беше прва негова посета на странска земја од поставувањето на функцијата прв човек на Пентагон.

Шанахан го замени Џејмс Матис, во екот на американските напори за политичко решавање на авганистанскиот конфликт.

Од јули минатата година, претставници на САД пет пати се сретнаа со талибанците, а последниот состанок беше одржан минатиот месец.

Иако американските медиуми објавија дека претседателот Трамп планира драстично да го намали бројот на војниците, Шанахан истакна дека „нема наредби за намалување на американските сили во Авганистан“.

Во моментов во Авганистан се стационирани околу 14.000 американски војници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама