Шаманот од упадот во Капитол осуден на 41 месец затвор

Од:

Американски федерален суд денеска на 41 месец затвор осуди еден од демонстрантите кои упаднаа во Капитол, попознат како „QAnon Shaman“, за неговата улога во смртоносните настани при упадот во Капитол на 6 јануари годинава, пренесоа британските медиуми.

Џејкоб Ченсли, поради своето исшарано лице со бои, крзното на себе и роговите на главата, стана еден од симболите на крвавиот упад на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп во центарот на американската демократија, на денот на потврдувањето на изборната победа на демократот Џо Бајден.

Обвинителите за Ченсли побараа подолга затворска казна, 51 месец затвор, откако тој во септември се изјасни за виновен за учеството во блокирање на работата на американскиот Конгрес.

Казната од 41 месец затвор одговара на таа што истиот судија му ја изрече на тренерот на боречки вештини, кој беше снимен како удира полицаец за време на крвавите настани.

Двојката досега ги доби двете најстроги казни од вкупно 675-те обвинети за упадот во Капитол.

Судијата по пресудата кажа дека верува дека 34-годишниот Ченсли, кој е во притвор од јануари, „се вратил на вистинскиот пат“.

-Најтешкиот дел од ова е да се знае дека јас сум виновен, рече тој во изјавата пред пресудата.

На Ченсли во затворот му е дијагностицирана шизофренија, заедно со биполарно растројство, депресија и анксиозност.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

ВИДЕО: Лидерот на култ кој уби и распарчи две деца се соочува со смртна казна

Катерина Ѓуровски