Шаленберг: Професионалното новинарство е поважно од кога било

Од:

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг денеска оцени дека професионалното новинарство е поважно од кога било.

На министерската конференција на Коалицијата за слобода на медиумите, Шаленберг посочи на студија на германската фондација „Фридрих Науман“, според која 44 проценти од граѓаните во седум европски земји сметаат дека владите вршат притисок врз медиумите за да ги прикријат фактите за коронавирусот.

– Слободниот квалитетен печат и пристапот до веродостојни информации се наши главни сојузници во борбата против овој вид дезинформации, рече министерот Шаленберг .

Во исто време, тој рече дека слободата на медиумите е загрозена во многу земји, потсетувајќи дека повеќе од 40 новинари и претставници на медиумите се убиени само оваа година.

Според него, Австрија продолжува да се залага за слобода на печатот на меѓународно ниво, како и во Советот за човекови права на ЕУ, каде што ја презентираше иницијативата за заштита на новинарите.

Коалицијата за слобода на медиумите е формирана минатиот јули на иницијатива на Велика Британија и Канада во рамките на глобалната конференција за слобода на печатот во Лондон.

На Коалицијата и се придружија 37 земји.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски

Промовиран Водич за интегритет на медиумите: Испреплетеноста на медиумската сопственост со уредништвото предизвикува сериозна загриженост околу новинарската независност