Севернокорејските медиуми критикуваа јапонски министер

Од:

Свернокорејските државни медиуми денеска остро го критикуваа јапонскиот министер за одбрана Таро Коно поради неговата изјава за тестирањето оружје кое го спроведува Северна Кореја.

Коно минатата недела ја критикуваше Северна Кореја поради серија тестови на оружје спроведени од мај и предупреди дека лансирањето балистички ракети претставува „непосредна закана“ за безбедноста на Јапонија.

Северна Кореја тврди дека целта на тестовите е да се подобри нејзината способност за самоодбрана, но не прецизираше дали тие тестови опфаќаат балистички ракети кои би претставувале кршење на меѓународните санкции.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила