Севернокорејскиот лидер испраќа помош во град што е во карантин

Од:

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун нареди помош да се испрати во Кесонг, град на границата меѓу двете Кореи, што е ставен во карантин поради коронавирусот.

Севернокорејските власти соопштија дека прогласиле вонредна состојба во Кесонг во јули, откако откриле еден можен случај на инфекција со коронавирус, што би бил првиот во земјата.

KЦНA наведува дека во петокот воз пристигнал со помош во храна и лекови во тој град.

„Врховниот лидер беше убеден дека се преземени итни мерки за испорака на храна и лекови затоа што градот е во целосна блокада и овојпат будно следел да испрати големи количини ориз и помош во градот“, јави официјалната агенција.

КЦНА додава дека Ким „дење и ноќе“ е загрижен за судбината на жителите на Кесонг, кои, пишува агенцијата, ја продолжуваат „нивната кампања за запирање на ширењето на опасниот вирус“

Би можело да ве интересира

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

Се огласи Северна Кореја по бегството на војникот Тревис Кинг