Австралиските политички лидери денеска ја поддржаа трансформацијата на Северна Територија до 2018 година да стане седмата држава во Австралија, а премиерот Тони Абот изјави дека тоа може да подразбере и промена на државното знаме.
Северна Територија има само 244.000 жители, но зафаќа големо подрачје, а иницијативата да се прогласи за држава ја почна министерот Адам Жил изјавувајќи дека нејзините жители не треба да бидат „граѓани од втор ред„ во Австралија, пренесе Танјуг.
-Кога се собираме да разговараме за федерацијата, ќе биде неодговорно од моја страна да не го покренам прашањето за Северна Територија и нејзиниот статус во рамки на земјата, рече Жил, на прес конференција по состанокот на премиерот Абот со лидерите на шест австралиски држави и двете територии.
За разлика од шестте држави: Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија, Викторија и Западна Австралија, двете територии Северна Територија и Австралиска Престолничка Територија имаат ограничено право на самоуправа.
Ебот изјави дека не сака промена на националното знаме кое го прикажува минијатурното британско знаме и повеќе ѕвезди, но дека, исто така, и не се противи на измените.