Северна Кореја со воена парада ја одбележа годишнината на владејачката Работничка партија

Од:

Здружениот генералштаб на јужнокорејската армија тврди дека во Пјонгјанг е одржана воена парада во рамките на пролавата на 75-годишнината од формирањето на владејачкатаРаботничка партија.

Во регионот со голем интерес се следи прославата и се очекува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се обрати до домашната и меѓунартодната јавност.

Според јужнокорејската армија на парадата учествувале голем број војници и било прикажано големо количество оружје и военаопрема.

Јужнокорејскиот воен врв оцени дека парадата во Северна Кореја е со цел да се прикаже новиот арсенал на интерконтинентални балистички ракети и новиот балистички ракетен систем за проектили, што се лансираат од подморница.

Преговорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров со САД пропаднаа, а според Сеул, Ким парадата ја користи како демонстрациија на моќ пред претседателските избори во САД.

– Јужнокорејските и американските разузнавачки служби внимателно го следат развојот на ситуацијата во Северна Кореја, се наведува восоопштението од Сеул.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он