Северна Кореја смета дека Шинѕо Абе е најглупавиот човек на светот

Од:

Севернокорејските власти денеска соопштија дека јапонскиот премиер Шинѕо Абе е „најглупавиот човек во историјата“ на човештвото, предупредувајќи го дека наскоро „пред нос“ може да има вистинска балистичка ракета.

Абе во четвртокот остро ја осуди пробата на балистички ракети што ја спроведе Северна Кореја, изјавувајќи дека со тоа се кршат резолуциите на ОН.

– Можеме да кажеме дека Абе е идиот и најглупав човек во историјата на човештвото затоа што не знае да разликува ракета од справа за лансирање ракети, изјави неименуван функционер од Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, пренесува КЦНА.

– Абе наскоро би можел пред нос да види што е вистинска балистичка ракета … Абе е совршен имбецил, додал функционерот наведувајќи дека Северна Кореја не треба да се занимава со Абе, кој е „политичко џуџе“.

Ова е вторпат во еден месец Северна Кореја да го критикува јапонскиот премиер, кого веќе ја нарече „идиот“.

Северна Кореја во четвртокот истрела две ракети кои завршија во Јапонското Море.

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија