Северна Кореја се обидела од Фајзер да ја украде технологијата за вакцината

Од:

Северна Кореја се обидела да добие податоци за технологијата на вакцината против Ковид-19 со хакерски напад врз американската компанија Фајзер, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејската национална разузнавачка служба (НИС).

НИС ја соопштила оваа информација за време на затворено заседание на Комисијата за специјални служби про јужнокорејскиот Парламент.

Алијансата за вакцини Гави претходно овој месец соопшти дека Северна Кореја побарала вакцини против Ковид-19, и се очекува да добие најмалку две милиони дози.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознати со ова прашање, во декември објави дека севернокорејски хакери нападнале најмалку шест фармацевтски компании кои работеле на вакцина против Ковид-19 во САД, Велика Британија и Јужна Кореја.

Сè уште не е познато дали севернокорејските хакери успеале да добијат корисни информации од „Фајзер“.

Компанијата Мајкрософт уште во ноември соопшти дека регистрирала обиди на севернокорејски но и други хакери, кои ги поддржуваат државните структури, да украдат вредни податоци од водечките фармацевтски компании и истражувачи кои работат на развој на вакцина против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он