Северна Кореја најверојатно има ново одделение за нуклеарни преговори со САД

Од:

Неименуван претставник на јужнокорејското Министерство за обединување на двете Кореи денеска изјави дека најверојатно во севернокорејското Министерство за надворешни работи е формирано ново одделение за нуклеарните преговори со САД.

Тој додаде дека Северна Кореја „го изгубила интересот за дијалог и оти ќе оди по својот пат“.

Неговата изјава предизвика шпекулации дека станува збор за новоформирано одделение, бидејќи такво тело не се спомнувало во севернокорејските медиуми, а МНР на Северна Кореја веќе има одделение посветено само на односите со САД.

– Се чини дека сигурно станува збор за ново воспоставена функција, посочи јужнокорејскиот неименуван извор.

Во вчера објавеното соопштение на севернокорејското МНР, Пјонгјанг го обвини американскиот државен секретар Мајк Помпео поради неговото залагање за задржување на санкциите кон Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност