Северна Кореја се пријави за два милиона вакцини, а и натаму тврди дека нема ниту еден случај на Ковид-19

Од:

Се очекува Северна Кореја до крајот на јуни преку КОВАКС-програмата да добие 1,992 милиони дози од вакцината против коронавирусот развиена од британската компанија Астразенека и универзитетот Оксфорд, јави државната агенција Јонхап.

Како што вчера објави СЗО, поголемиот дел од вкупно 330 милиони вакцини наменети за најсиромашните земји ќе бидат произведени по лиценца, во Индискиот институт за серум, најголемиот производител на вакцини во светот.

Северна Кореја се пријави во програмата КОВАКС, управувана од Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ), и покрај тоа што Пјонгјанг тврди дека во земјата досега не е регистриран ниту еден случај на заразен со коронавирусот.

Во меѓувреме, некои светски медиуми денеска објавија информација дека Северна Кореја наводно почнала да развива сопствена вакцина против Ковид-19, користејќи знаење „хакирано“ од странските научници и нивните истражувања.

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море