Северна Кореја ја зацврсти позицијата на Ким Џонг Ун како шеф на државата

Од:

Севернокорејскиот Парламент ги одобри измените во Уставот на земјата кои ја зајакнуваат улогата на лидерот Ким Џонг Ун како шеф на државата, јавија денеска државните медиуми.

Овој потег доаѓа откако Ким во јули беше официјално прогласен за шеф на државата и врховен командант на армијата, за кој аналитичарите велат дека можеби бил со цел да се подготви мировен договор со САД.

Северна Кореја долго време повикува на мир со САД за да се нормализираат односите и да се стави крај на техничката воена состојба што постои од крајот на Корејската војна 1950-1953 година, која заврши со примирје, а не со мировен договор.

– Законскиот статус на Ким како „застапник на нашата држава дополнително е консолидиран за да се обезбеди монолитно раководење на врховниот лидер со сите државни прашања, информира државната новинска агенција КЦНА, пренесувајќи изјава на Чое Рајонг Хае, претседател на президиумот на Врховното национално собрание, Парламентот на земјата.

Во новиот Устав, се наведува дека Ким, како претседател на Комисијата за државни работи (САЦ), раководно тело создадено во 2016 година, е врховен застапник на целиот корејски народ, што значи шеф на државата, и врховен командант на војската.

Во претходниот Устав, Ким се нарекува „врховен лидер“ кој командува со „целокупната воена сила“ на земјата.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он