Северна Кореја доби нови построги санкции од СБ на ОН

Од:

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која ќе бидат заострени санкциите против Северна Кореја поради нејзините ракетни тестирања.

Како што објави Би-Би-Си, Русија и Кина, исто така, го поддржаа документот за воведување нови санкции против Пјонгјанг по извршената шеста и најголема нуклеарна проба.

Петнаесет члениот СБ на ОН едногласно ја поддржа резолуцијата за санкции од страна на САД, со која се забранува извозот на јаглен, олово и морски плодови.

Ова е деветта резолуција со санкции, која Советот за безбедност ја усвојува едногласно од 2006 година поради ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја.

Пјонгјанг тврди дека има произведено хидрогенска бомба и постојано се заканува дека ќе ги нападне САД.

ОН веќе има воведено санкции против Северна Кореја, со цел да го принуди раководството на таа земја да ја прекине својата ракетна програма.

Новите санкции беа усогласени вчера откако САД ги отстрани некои од построгите предлози што ги објави минатата недела, вклучувајќи целосно нафтено ембарго и замрзнување на сметките и имотот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он