Северна Кореја бара истрага за нападот врз амбасадата во Мадрид

Од:

Северна Кореја денеска ја осуди инвазијата во нејзината амбасада во Мадрид и побара истрага за да се откријат сторителите. Ова е нејзиниот прв официјален коментар за настанот од пред повеќе од еден месец кога група вооружени мажи влегла во амбасадата, му се заканувала на персоналот, а потоа избегала со документи и компјутери.

Десет лица, кои наводно извршиле напад во амбасадата во Мадрид, припаѓаат на една мистериозна дисидентска организација која се опишува себеси како влада во егзил, која е посветена на соборувањето на севернокорејската владејачка династија Ким.

Десетчлената група која бара поништување на режимот на Ким ја презеде одговорноста за падот во амбасадата на Северна Кореја во Мадрид, објави АП.

Официјалните севернокорејски медиуми објавија дека портпаролот на Министерството за надворешни работи изјави дека незаконскиот упад и окупација на дипломатската мисија и чинот на изнудување е сериозно кршење на државниот суверенитет и флагрантно кршење на меѓународното право и дека “овој чин не смее да се толерира”.

Портпаролот тврди дека вооружена група ги измачувала вработените во амбасадата и украле средства за комуникација.

Шпанија издаде најмалку две меѓународни потерници за припадниците на групата.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија