Сеул повикува на нова средба Трамп-Ким

Од:

Јужнокорејскиот претседател Мун Џе Ин денеска повика на одржување нова средба меѓу неговиот американски колега Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, нагласувајќи дека подолгорочна стагнација во дијалогот ќе ја ослаби нивната желба за разговори за состојбата на Корејскиот Полуостров.

– Ако периодот без дијалог продолжи да се одолговлекува, тогаш може да ослаби страста за дијалог, изјави Мун за време на посетата на Осло, додавајќи дека е пожелно Ким и Трамп да се сретнат во блиска иднина.

Првата средба меѓу Трамп и Ким се одржа пред една година во Сингапур, при што беше постигната согласност двете страни да работат на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Трамп и Ким имаа и втора средба на крајот на февруари годинава во Ханој, која заврши без каков и да е договор и беше оценета како неуспешна.

– Со тоа што втората средба меѓу САД и Северна Кореја во Ханој не доведе до конкретен договор и по неа не видовме каква и да е иницијатива за трета средба на врвот можам да кажам дека во суштина доаѓаме до еден вид ќорсокак, изјави Мун.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност