Сенатот на САД гласа за доделување пакет од 40 милијарди долари помош за Украина

Од:

Американскиот Сенат денеска гласа за одобрување на пакетот помош од 40 милијарди долари за Украина.

Мерката вклучува пари за воена опрема, обука и оружје за Украина и надополнување на помошта во американска опрема испратена до земјата во нејзините напори да се справи со руската окупација, но и финансиска помош за да им се помогне на другите земји кои помагаат во Украина.

Пакетот, исто така, вклучува милијарди долари хуманитарна помош, вклучително и парична помош за справување со глобалниот недостиг на храна предизвикан од конфликтот во Украина.

Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство минатата недела гласаше за усвојување на пакетот.

Доколку и Сенатот ја усвои мерката, таа ќе оди кај претседателот Џо Бајден во Белата куќа за негов потпис.

Засега еден сенатор, републиканецот Ранд Пол, има изјавено дека нема да го поддржи вака формулираниот пакет помош.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ