Сенатот на САД едногласно донесе резолуција со кое Бин Салман се смета за одговорен за убиството на Кашоги

Од:

Американскиот Сенат едногласно изгласа резолуција со која принцот и претстолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман се прогласува за одговорен за убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Врз основа на одлуката, Ријад се смета за одговорен, а овој потег на Сенатот доаѓа само неколку минути откако претходно изгласаа дека САД ќе прекине со помошта на воената кампања во Јемен, предводена од Саудиска Арабија.

Сенатот ситуацијата во Јемен ја оцени како „хуманитарна катастрофа“ и побара двете страни да повикаат на примирје.

Овој потег на САД доаѓа само една недела откако директорката на ЦИА Хаспел пред сенаторите зборуваше за извештаите за убиството на Кашоги. Според медиумите, нејзиното обраќањето го зацврсти ставот на одредени личности дека Бин Салман е одговорен за убиството.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност