Сенаторот Грам до СЗО: Нема повеќе пари за вас, вие сте бранители на Кина

Од:

Американскиот советник на претседателот Трамп и сенатор на сојузната држава Јужна Каролина, Линдзи Грам соопшти дека СЗО не треба повеќе да биде финансирана од САД за време на сегашното лидерство обвинувајќи ја организацијата за прикривање на податоците од Кина поврзани со коронавирусот.

„На следната сметка нема да има пари за СЗО“ рече сенаторот Грам на националната телевизија „Фокс њуз“.

Грам ја обвини организацијата за бранител на Кина и додаде: „Јас не мислам дека тие се добра инвестиција за САД, додека е сегашното лидерство таму, сметам дека во интерес на САД е да не им се плати“.

Сенаторот се надоврза на коментарот од страна на Трамп кој во вторникот рече дека плаќањето за СЗО од страна на САД треба да почека поради тоа што „Организацијата ги имала податоците за вирусот многу порано од денот на официјалното објавување“.

Грам, исто така, ја нападна и Кина нарекувајќи ја земјата „инкубатор за пандемија“ откако претходно ги обвини властите во Пекинг дека „неодговорно ги отвараат пазарите и дозволуваат на продавачите да продаваат лилјаци и други животни“ кои се сметаат за извор на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО