Сенаторите бараат Русија да биде прогласена за „спонзор на тероризмот“

Од:

Американскиот Сенат, Горниот дом на Конгресот, едногласно ја одобри необврзувачката резолуција со која се повикува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“ поради нејзините акции во Украина, Чеченија, Грузија и Сирија, пренесува Њујорк тајмс.
Во резолуцијата, усвоена во средата, се тврди дека „вооружените сили на Руската Федерација извршиле бројни погубувања на невини цивили и се обиделе да ги прикријат злосторствата на масовните гробници низ Украина“.

Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, претходно донесе слична мерка, но само Стејт департментот има овластување да определи земја за спонзор на тероризмот.

Сепак, со усвојувањето на резолуцијата во Сенатот се врши дополнителен притисок врз конгресмените на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ја додадат Русија на листата на држави спонзори на тероризмот, во која веќе се Куба, Северна Кореја, Иран и Сирија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американски сенатори се заканија со суспензија на Турција од НАТО доколку ги нападне Курдите

А1он