Сенатори: САД да и достават на Украина годишно по 300 милиони долари воена помош

Од:

Американски сенатори предлагаат САД да и доставуваат секоја година на Украина воена помош во износ од 300 милиони долари.

Предлог законот, кој е поддржан и од републиканци и од демократи, е поднесен денеска.

Предлагачите сметаат дека е потребно да се издвојат по четири милиони долари за обука на офицери во Украина.

Минатиот месец Пентагон ги соопшти своите планови за доставување воена помош за Украина од 250 милиони долари. На почетокот на овој месец демократите предложија сумата да се зголеми во 2021 година за уште 25 милиони долари. Дополнителни средства да бидат наменети за обука на војниците, вооружување, логистика и разузнавање. Претходно, беше објавено дека финансиите ќе бидат потрошени за „зајакнување на можноста на Украина поефикасно да се одбрани од руската агресија“.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Белата куќа се противи на палестинската државност