Селва: Северна Кореја не е способна да ги нападне САД

Од:

Северна Кореја не е способна да ги нападне САД со било кој степен на прецизност и иако нејзините ракети имаат дострел, сепак властите немаат потребна способност за раководење, изјави денеска заменик командантот на американскиот здружен Генералштаб, Пол Селва.

– Не сум убеден дека извршеното тестирање на 4 јули покажа дека тие имаат капацитет да ги нападнат САД со било кој степен на прецизност или успех, истакна Селва пред сенатскиот воен комитет.

Пјонгјанг на почетокот на месецов изврши проба на интерконтинентална балистичка ракета, за која некои експерти веруваат дека може да достигне до американските држави Алјаска и Хаваи, а можеби и до американскиот северозападен дел на Тихиот Океан.

Северна Кореја тврди дека оваа ракета може да носи голема нуклеарна боева глава.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД