Седумнаесет членови на исто семејство загинаа во опожарен автобус во Пакистан

Од:

Пожар избувна во автобус во Пакистан предизвикан од дефект на електричната инсталација во клима-уредот на возилото, при што загинаа 17 лица, од кои десетина деца.

-Со автобусот патувале членови на пошироко семејство од Карачи до нивниот град Хаипур Натан Шаџ во провинцијата Синд, изјави провинцискиот министер за информации Шарџил Мемон.

Станува збор за семејство што во август се преселило во Карачи, по поплавите што го зафатија нивниот град и повеќе области на Пакистан во кои загинаа повеќе од две илјади лица.

-Во пожарот целосно изгоре возилото, а некои од телата се јагленисани до непрепознатливост, изјави претставник на локалната полиција Џавед Балоч.

Лошите патишта, слабо одржуваните возила и супстандардниот безбедносен режим предизвикуваат бројни несреќи во Пакистан секоја година, што резултира со илјадници смртни случаи, покажуваат владините статистики.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во пакистанската џамија достигна 89

Расте бројот на жртви во Пакистан, во нападот загинаа најмалку 47 лица

(ВИДЕО) Хорор во Пакистан: Силна експлозија во џамија, повредени над 90 лица

А1он

Десет деца загинаа при превртување на чамец на езеро во Пакистан

Ана Ололовска

Автобус падна од мост во провалија во Пакистан, загинаа најмалку 41 лице

Ана Ололовска

Две одделни убиства на девојчиња од нивните татковци во Пакистан

Ана Ололовска