Седум лица загинаа во поплавите во Шпанија

Од:

Најмалку седум лица, меѓу кои едно девојче и една постара жена, загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови на југот на Шпанија, кои принудија стотици жители да ги напуштат домовите, соопштија властите.

Најмалку 600 лица се евакуирани од своите домови во покраината Андалузија.

Прва жртва во поплавите е повозразна жена која утрово загинала, кога реката се излеала од коритото, а бранот поминал покрај нејзината куќа во местото Алора северно од Малага.

Уште две лица ги загубија животите во Андалузија, а три во соседниот регион Мурси. Меѓу нив е и десетгодишно девојче.

Во селото Виљануева дел Трабуко, патиштата се под вода, а спасувачките тимови извлекуваат превртени автомобили.

– Во покраината Малага, околу 800 членови на спасувачките служби работат за да работите ги доведат во нормала што е можно побрзо. Дождот се засилува и изгледа дека се движи кон Гранада и Алмерија, кон исток, рече портпаролот на локалната влада.

Во регионот Мурси, надвозник преку автопатот се урнал поради силниот дожд.

Државната хидрометеоролошка служба АЕМЕТ соопшти дека, само во текот на утрото, во овој регион паднале најмалку 245 литри дожд по метар квадратен.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски