Седум лица загинаа во израелските воздушни напади врз јужен Либан

Од:

Седум лица загинаа во израелските воздушни напади врз јужен Либан, меѓу кои и тројца медицински работници кои извршуваа хуманитарна мисија во градот Аин Бал, соопшти либанското Министерство за здравство.

„Во еден од најразорните израелски воздушни напади, беше погоден медицински центар во градот Аин Бал, при што загинаа тројца болничари кои беа внатре и им помагаа на цивилите погодени од претходното бомбардирање“, се вели во соопштението. Се додава дека во нападот е речиси целосно уништена медицинската установа, додека екипите на цивилната одбрана активно работат на извлекување на жртвите и лекување на повредените.

Министерството за здравство на Либан додаде дека во неделата во израелската агресија врз таа земја загинале уште 19 лица, а 108 се повредени.

Агресијата на Израел против Либан предизвика голема штета на инфраструктурата во различни села, а воздушни напади погодија станбени и земјоделски области, како и неколку јавни згради.

Би можело да ве интересира

Сирија: Израел изврши повеќе од 100 воздушни напади денеска

ВИДЕО: Амнести интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

Нетанјаху му се закани на Хезболах: Израел ќе одговори насилно

Израел ја нападна Газа, најмалку 25 загинати и повредени