Најмалку седум лица се убиени, а 15 се ранети во напад врз полициски пункт, јужно од ирачкиот град Наџаф, а одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката групација Исламска држава.
ИД во период од 24 часа презеде одговорност за втор напад во Ирак. Во двојниот самоубиствен напад вчера на фреквентен пазар во Багдад загинаа 27 лица, а десетици беа ранети.
Ирачкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека тројца напаѓачи со елеци полни со експлозив насочиле автомобил бомба кон полициски пункт во близина на градот Кадисија.
Приблужувајќи се кон пунктот отвориле оган, но силите за безбедност им возвратиле, по што ги убиле, а автомобилот експлодирал.
– Планирале да влезат во Наџаф и таму да се кренат во воздух, изјави портпаролот на Министерството. Саад Маан.
Кадисија се наоѓа на 70 километри јужно од Наџаф, свет град за шиитите, каде се наоѓа мавзолејот на имамот Али.
– Има седум жртви, меѓу кои петмина полицајци, има 15 ранети, изјави Маан.