Седум експлозии во Ирак, 62 жртви

Од:

Најмалку 62 лица загинаа, а околу 200 се повредени при серија експлозии во шиитскиот дел на Багдад, соопшти ирачката полиција.

Нападите се случиле за време на големиот верски фестивал, кога во временски период од два часа одекнале седум експлозии во четири градови.

Се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем.

Најмалку 30 луѓе беа убиени во експлозиите на четири бомби во областите каде што шиитските аџии се собраа да ја одбележат годишнината од смртта на шиитскиот имам Муса ал-Кадима, пра-внук на пророкот Мухамед.

Во градот јужниот ден на градот Хил, одекнаа две бомби, од кои едната во автомобил активирана од бомбаш-самоубиец, експлодирала пред ресторан во кој имало собрани полицајци. Во овој напад загинаа 28 лица, а 38 беа повредени.

Уште четири лица загинаа во експлозија на две бомби поставени во автомобили во шиитскиот град на Балада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд