Се зголемува бројот на жртвите во Газа – убиен е еден од водачите на Исламскиот џихад

Од:

Израелската армија уби еден од водачите на палестинската група Исламски џихад во Појасот Газа, соопштија денеска израелските власти.

Станува збор за Калид Мансур, кој беше убиен во израелски воздушен напад во градот Рафах, објави „Тајмс оф Израел“. Како што додава израелскиот весник, тој бил од ист ранг како Тајсер Џабари, командантот на терористичката група во северниот дел на Газа, кој беше убиен во петокот, исто така во воздушен напад.

Мансур сакал да изврши противтенковски ракетен напад и е одговорен за бројни ракетни напади врз Израел, додаваат официјалните лица.

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 24, додека 203 лица се повредени, објави каналот „Скај њуз Арабија“, повикувајќи се на Министерството за здравство од Газа.

Прес-службата на израелската армија претходно објави дека Израел во петокот започна операција чија цел е палестинската радикална група Исламски џихад во Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел